Според американските доктори оброкот пред компјутер е опасен за здравјето. Резултатите од едно истражување покажале дека 85% од Американците јадат брза храна пред компјутер наместо тоа да го направат на соодветното место.
Опасноста се состои во тоа што на компјутерската тастатура и глувчето живеат милион бактерии, односно за 200 пати повеќе отколку на трпезариската маса и за 500 пати повеќе отколку на тоалетната школка.
Отсуството на навиката за чистење на тастатурата и глувчето во комбинација со оброкот на ова место може да биде причина за сериозни заболувања на желудникот.
Од Американската асоцијација на диетолози напоменуваат дека освен што не се посветува доволно внимание на спокојното конзумирање на храната, истото се прави и на несоодветно место. Сето тоа е последица на желбата да се постигне што повеќе за пократко време.