Националниот парк Редвуд лоциран во Клифорнија, Северна Америка е познат по високите молики од кои некои достигнуваат висина и до 110 метри поради што се сметаат за највисоки дрва на планетата. Тука моликите достигнуваат максимална старост од три и пол илјади години.
Името на паркот потекнува од другиот назив за моликите – црвени дрвја (Redwood). Во 1850 година овие шумски пространства биле опседнати од голем број дрвосечачи како последица на што биле отсечени 90% од дрвјата.
Националниот парк бил создаден 1968 година и оттогаш се смета за една од најобезбедуваните природни територии во Северна Америка.
Влезот во националниот парк чини околу 8 американски долари, а возењето со старинска локомотива низ истиот чини околу 24 долари. Доколку посакате како спомен од паркот да понесете мало исечено дрво, истото ќе можете да го купите за околу 10 долари.