Неодамна во Сиднеј, Австралија беше отворен луксузниот хотел QT Sydney со вкупно 200 соби.
Во склоп на хотелот се наоѓа дел од поранешниот трговски центар Говингс и дел од Државниот театар.
Хотелот е дизајниран според архитектонската студија Woodhead во соработка со Indyk Architects и Nicholas Graham + Associates.
Секоја од просториите е дизајнирана на оригинален начин и во себе носи доза на барок стил, дизајнерски парчиња мебел и реставрирани историски детали.
На гостите во хотелот на располагање им стојат услугите на ресторанот Gowings Bar and Grill, кафе барот и слаткарница Parlour Lane Roasters, СПА центарот SpaQ, првата турска бања во Сиднеј, како и козметички и фризерки салон.
Погледнете ги фотографиите од хотелот QT Sydney!