Аргентинскиот кардинал Хорхе Марио Берголио вчера беше избран за нов папа, а го одбра името Франсис Први. 76-годишникот од Буенос Аирес е првиот Латиноамериканец кој станал папа, водич на Римокатоличката црква и на 1,2 милијарди католици во светот. Еве неколку факти за него кои сигурно до сега не ги знаевте:
1. Тој е 266 поглавар досега.
2. Го одбрал името Франсис во чест на Франсис Асишки, што ветува и дава надеж дека црквата ќе се ориентира кон сиромашните.
3. Берголио беше кандидат и во минатото избирање, дури бил и главен против-кандидат на поранешниот папа Бенедикт 16-ти.
4. Тој е прв папа од неевропско потекло по повеќе од 1200 години.
5. Има диплома по хемија и филозофија.
6. Работел и како подучувач, предавал книжевност, теологија и психологија.
7. Во 1992 година бил прогласен за помошен бискуп и бискуп во Буенос Аирес.
8. Во 1998 година станал надбискуп во Буенос Аирес, а што три години подоцна, во 2001, бил именуван за Кардинал.
9. Познат е по тоа што тој е за употребувањето на презервативи, како главен заштитник против болести.
10. Ги критикувал оние свештеници кои одбивале да ги крстат самохраните мајки.