Најпознатите ИТ милионери без диплома

Модерните претприемачи се како рок ѕвезди. Милионерите како Марк Цукерберг и Бил Гејтс се вистински ѕвезди, а еден од важните делови на нивните животни приказни е тоа дека двајцата се откажале од Харвард.

Business Insider состави листа од 10 најбогати млади луѓе во ИТ индустријата кои никогаш не дипломирале.

1.Мет Муленвег

Муленвег се отпишал од универзитетот во Хјустон во 2004 година за да работи во порталот со вести од областа на информатиката CNET, под услов 15 отсто од своето време да го поминува работејќи на проекти кои го интересираат. На крајот го покренал WordPress,на кој се базираат речиси 16 отсто од сите Интернет страници.

[youtube]http://youtu.be/lyPIcT5i4IE[/youtube]

2.Кевин Роуз

Својата прва компјутерска програма ја направил во второ одделение, а со само 1 200 долари го покренал Digg, кој на врвот имал 236 милиони отворени страници па му го продал на Google за неверојатни 200 милиони долари. Денес работи за Google Ventures.

[youtube]http://youtu.be/7J1T3Y70IW4[/youtube]

3.Араш Фердовси

Откако поминал три години на угледниот универзитет МИТ го покренал сервисот за размена на податоци DropBox и со 27 години стана милионер.

102517020251405726762a0393644523_orig

4.Арон Леви

Основачот на софтверската компанија Box вели дека го инспирирало предавањето по маркетинг, а капиталот го добил сосема случајно, преку e mail. Денес вредноста на неговата компанија се проценува на две милијарди долари.

[youtube]http://youtu.be/i1TYgq7RFqs[/youtube]

5.Дејвид Карп

Веќе со 16 години водел свој интернет форум поради кој се отпишал од средно училиште и никогаш не се вратил. Набрзо го отворил блогот Davidville кој беше темелот за Tumblr, страница која денеска е деветта по посетеност во Америка. Нејзината вредност се проценува на 200 милиони долари.

[youtube]http://youtu.be/-bgu-yT4YeE[/youtube]

6.Пит Кешмор

Поради здравствени проблеми уште како дете барал пријатели преку Интернет, а на крајот никогаш не се запишал на факултет. Со 19 години го основал Mashable кој денес привлекува 20 милиони луѓе месечно. Магазинот Time го смести меѓу 100 највлијателни луѓе во 2012 година.

[youtube]http://youtu.be/XrI_sAGtlRE[/youtube]

7.Еван Вилијамс

По една година студирање се отпишал од Универзитетот во Невада за да ја основа компанијата Pyra Labs која подоцна го создаде Blogger. Подоцна го основа Odeo од кој во меѓувреме настана Twitter.

[youtube]http://youtu.be/c4xZtTYhCDA[/youtube]

8.Даниел Ек

Со 14 години ја основал првата компанија, а со 16 се пријавил за работа во Google. Пет години подоцна го основа сервисот Spotify кој денеска има речиси 32 милиони активни корисници.

[youtube]http://youtu.be/rrxKulGhTYc[/youtube]

9.Зек Симс

Симс го напуштил факултетот во 2011 година поради проблеми поради лошата програма за учење програмирање, за да ја напише Codeacademy, наменета за сите кои сакаат да научат како да програмираат. Лани во компанијата биле вложени над 10 милиони долари, од кои добар дел дошле од познатиот милијардер сер Ричард Бренсон.

[youtube]http://youtu.be/Amg7wIifc6o[/youtube]

10.Шон Фанинг

И тој во 1999 година се откажал од факултетот за да се фокусира на развојот на Napster кој ја промени целокупната музичка индустрија. Денес неговото богатство се проценува на 7,5 милијарди долари.

[youtube]http://youtu.be/NRXBMx4BPWU[/youtube]

- Реклама -