Кафе барот Хундертвасер кој се наоѓа во украинскиот град Днепропетровск е инспирација токму од творештвото на познатиот австриски архитект, сликар и скулптор Фриденсрајх Хундертвасер во чија чест бил именуван овој мини ресторан.
Контроверзниот уметник кој живеел во минатиот век бил поборник за единство на човекот со природата поради што сметал дека живописните бои и кривите линии се идеален начин на дизајнирање на просторот во кој престојувате доколу сакате да ја одминете деградацијата.
Инспирирана од уметничката филозофија на Хундертвасер една млада украинска уметничка смислила и дизајнирала поинаков и несекојдневен ентериер за овој кафе бар.
На ѕидовите се исцртани оригинални цртежи во впечатливи бои, а просторот е исполнет со старински мебел од кој дел е реставриран во современ стил. Стаклата на прозорците се украсени во винтраж техника.
Фотографиите подолу го пренесуваат амбиентот на необичниот украински кафе бар!