Фотографот Амос Чапл ја започна својата кариера како фоторепортер за „New Zealand Herald“. Три години подоцна тој се приклучи на проектот „Our Place“, иницијатива која го прошета ширум светот преку задачата да ги фотографира сите природни богатства кои се под заштита на УНЕСКО. Чапл, кој посети преку 59 земји (задача која веројатно не постои некој кој со задоволство би сакал да ја исполни), воедно беше добитник на голем број на награди, а во галеријата подолу ви ги прикажуваме неговите најнови фотографии од посетата во Иран.