Обраќајќи им се на кардиналите на последниот „работен“ ден, папата Бенедикт Шеснаесетти ја повика Римокатоличката црква да се обедини околу избирањето на неговиот наследник, и ја вети неговата “безусловна” послушност кон новиот папа.
„И понатаму ќе ви бидам близу при молитвите, особено во следните неколку дена … кога ќе го бирате новиот папа, на кого му ја ветувам мојата безусловна почит и покорност“, изјавил Бенедикт.
„Во изминатите осум години доживеаме убави и светли моменти во Црквата, како и во моменти кога облаците го затемнуваа небото“, им се обратил Бенедикт на кардиналите, кои треба да го изберат новиот наследник. „Се обидовме да му служиме на Христос и на Неговата Црква”, кажал тој.
Папството на Бенедикт Шеснаесетти беше засенето со скандалите за сексуална злоупотреба кои протекоа од неговите приватни документи и извештаите за судирите меѓу неговите најблиски советници, и се верува дека овие кризи придонесоа за неговата одлука тој да биде првиот папа кој после шест века се откажал од својата позиција.