Од утре во градското кино Милениум ќе почне прикажување на филмовите „Љубов“ (Amour) од 22 часот и „Хичкок“ (Hitchcock) од 20 часот.
„Amour“ е добитник на овогодишниот Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Драмата е во режија на Михаел Ханеке.
Џорџ и Ана се во деветтата деценија од нивните животи. Тие се култивирани, пензионирани учители по музика. Нивната ќерка, која исто така е музичарка живее со нејзината фамилија, во странство. Еден ден Ана добива мозочен удар… Љубовта на парот е изложена на тест.
[youtube]http://youtu.be/F7D-Y3T0XFA[/youtube]
Славниот Ентони Хопкинс ќе го гледаме улогата на Хичкок, а во оваа биографска драма ќе ги видиме и Хелен Мирен и Скарлет Јохансон.
Филмот ја прати љубовната „тензија“ помеѓу Алфред Хичкок и неговата сопруга Алма Ревил, за време на снимањето на легендарниот филм „Психо“, во 1959 година.
Во годините кога тие се на врвот на нивната креативност, се соочуваат со инсинуации дека е „време за пензија“. Но, Алфред презема храбар чекор и одлучува да го само-финансира неговиот следен филм, базиран на хорор новелата Психо. Алма полека го губи трпението со „распуштеното“ однесување на Алфред, но во приказната „влетува“ уште една личност…
Подоцна, филмот „Психо“ станува филмски класик и го промовира Алфред Хичкок во еден од легендарните „мајстори“ на филмската уметност.
[youtube]http://youtu.be/Q7vYhtfNM9U[/youtube]