Јапонката Мисао Окава, која има 114 години, денес официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата жена на светот.
Окава изјавила дека пресреќна затоа што го добила ова признание и открила дека тајната на долговечноста е во грижата за здравјето.
Според податоците добиени од „Гинис“, Окава е родена на 5 март 1898-та, така што наредната недела треба да наполни 115 години. Живее во дом за старци во Осака, каде јаде што сака, а според кажувањата на управникот на домот, омилено јадење и е суши.
Окава се омажила во 1919 година, има три деца, четири внуци и шест правнуци.
Најстарата личност во светот е Џироемон Кимура, кој исто така живее во јапонија, каде што има повеќе од 51000 стогодишници.