До сега невидени фотографии и предмети на Курт Кобејн

На денешен ден пред 46 години е роден фронтменот на групата „Nirvana“, Курт Кобејн. По тој повод, магазинот „Rolling Stone“ објави до сега невидени фотографии од славниот музичар кој почина на 27-годишна возраст, на 5. април, 1994 година.

Кобејн пишувал на се што му било при рака, вклучувајќи ја и неговата скршена гитара.

012_cobain

 

Курт Кобејн и неговата сопруга Кортни Лав биле колекционери на кутии во форма на срце, а до 1994 година тие имале собрано десетици.

013_cobain

 

Ова е една од омилените фотографии на Кортни. Направена е во 1993 година во нивниот дом во Сиетл.

015_cobain

 

Курт во дневната соба во неговиот дом во Лос Анџелес направена во 1992 година.

016_cobain

 

Неговата лична колекција касети.

011_cobain

 

Вилијам С. Бароус и Курт во домот на Бароус во Канзас. Курт подоцна ќе изјави дека најмногу разговарале за „Leadbelly“.

010_cobain

 

На почетоците на Нирвана, Курт Кобејн постојано на настапите свирел гитара легнат на грб. Подоцна кога групата стана позната немаше потреба од овој перформанс на Кобејн, но тој и понатаму продолжи да го изведува.

009_cobain

Фотографија од Кобејн на која носи блуза од Pop Underground Festival, а во рацете го држи неговото маче Спина Бифида. Нирвана не свиреше на фестивалот во нивното родно место, означувајќи го крајот на врската на Кобејн со локалната сцена.

008_cobain

 

Како што Нирвана станува пославна, Курт имал се помалку време да пишува во неговиот дневник.
006_cobain

Курт во Јапонија

005_cobain

За неговиот осми роденден во 1975 година од неговите баба и дедо добил прибор за цртање. Тој најмногу сакал да ги црта ликовите од стриповите. Почнал од јунаците на Дизни, но брзо преминал на суперхероите.

004_cobain

Курт на двегодишна возраст.

003_cobain

 

Курт на петмесечна возраст со неговиот татко Дон, во јули, 1967 година. На фотографијата пишувало „Курт првпат управува со кола“.

002_cobain

 

Во неговата шестгодишна професионална кариера направени се илјадници фотографии, но  на Курт не му се допаѓале голем дел од нив. Оваа фотографија е една од ретките што му се допаднала, а е снимена во 1992 година во Сиетл.

001_cobain

- Реклама -