Тие не се близнаци туку странци (видео)

Со речиси 9 милијарди жители на планетата сите имаме двојници, но многу ретко се случува некој навистина да се сретне со нив. Сепак, постојат и такви.

На пример, О-Џеј Смит и Кристал се запознале во продавница во која Кристал работела.

„Ми помагаше да изберам фустан, а јас не можев да престанам да гледам во неа. Денес сме најдобри пријателки, а ни се случува да не помешаат и нашите момчиња“, раскажува О-Џеј Смит.

Од друга страна, Џош и Франциско забележале колку си личат кога дошле на работа облечени исто.

„Тој беше за мене само човек кој работи на крајот на ходникот. Воопшто не забележав дека си личиме“, изјавил Франциско.

[youtube]http://youtu.be/St8Zo18h1wM[/youtube]

- Реклама -