Во продолжение на вчерашната галерија каде можевте да ги видите најемотивните фотографии снимени кога и да било, погледнете го и нејзиното продолжение.
1. Пензионираниот капетан на полицијата од Филаделфија е уапсен откако се придружи на народот во протестите „Окупирај го Вол Стрит“ во 2011 година.
2. Олимписки поздрав на „Црната моќ“ во 1968 година. Афроамериканските спортисти Томи Смит и Џон Карлос ги подигнаа своите тупаници во знак на солидарност на Олимписките игри. Австралискиот вицешампион пак, Питер Норман, носеше значка за Човекови права во знак на поддршка на нивниот протест. Како резултат, двајцата натпреварувачи беа дисквалификувани од игрите.
3. Христијани ги заштитуваат муслиманите за време на молитвата во период на востанијата во Каиро, Египет.
4. Филис Сигел (76) и Кони Копелов (84), двете од Њујорк, се прегрнуваат откако станаа првиот венчан хомосексуален пар во Менхетен, 2011 година.
5. Затвореникот од војната, Хорас Грејсли, непокорно се соочува со Хајнрих Химлер за време на инспекцијата на кампот во кој бил затворен. Грејсли подоцна славно побегнал од кампот, но познат е по тоа што се вратил назад повеќе од 200 пати за да се види со германската девојка во која бил заљубен.
6. Жаклин Кенеди го носи нејзиниот розов „Шанел“ костим, извалкан со крвта од нејзиниот сопруг, додека Линдон Џонсон положува заклетва во канцеларијата на „Air Force One“.
7. Таниша Блевин (5), ја држи раката на Нита Лагард (105), двете жртви на ураганот Катрина, додека ги евакуираат од собирниот центар во Њу Орлеанс.
8. Новинарките Јуна Ли и Лора Линг, кои беа уапсени во Северна Кореја и осудени на 12 години затвор и тешка општествена работа, се соединети со нивните семејства во Калифорнија, по успешната дипломатска интервенција од страна на САД.
9. Тери Гарола се среќава со ќерка си после 7-месечната служба во Ирак.
10. „La Jeune Fille a la Fleur“, е фотографија од Марк Рибоунд, на која младата Џејн Роуз Кашмир става цвеќе на бајонетите на стражарите во Пентагон, за време на протестите против војната во Виетнам на 21 октомври 1967 година. Фотографијата подоцна ќе стане симбол на движењата за моќта на цвеќето.
11. Симболична фотографија на „Човекот Тенк“, непознатиот бунтовник кој застанал пред низата кинески тенкови на плоштадот Тјенанмен во знак на протест во 1989 година.
12. Нова, неодамна откриена слика од истиот инциндент на „Човекот Тенк“, во која неговиот протест може да се погледне од сосема поинаков агол. Додека останатите бегаат, бунтовникот може да го забележите меѓу дрвата, и тенковите, кои се наѕираат десно во позадината на фотографијата.
13. Хелен Фишер го бакнува автомобилот во кој се наоѓа телото на нејзиниот 20-годишен братучед, Даглас Хелидеј, кој заедно со телата на уште шест загинати војници е донесен во Вутон Басет, Англија.
14. Војниците на Американската армија се упатуваат ползејќи по брегот на првиот ден на инвазијата врз Нормандија, 6 јуни, 1944 година.
15. Еден германски затвореник од Втората светска војна, ослободен од страна на Советскиот Сојуз, се сретнува со својата ќерка. Девојчето го нема видено татка си од нејзината прва година.
16. Осумгодишниот Кристијан Голцински го прифаќа знамето за неговиот татко, маринецот Марк Голцински, за време на комеморацијата. Марк беше застрелан во патрола за време на неговата втора тура во Ирак (во која тој беше волонтер), само две недели пред неговото враќање дома.
17. Пеле и британскиот капетан Боби Мур ги заменија дресовите во 1970 година како знак на меѓусебно почитување, за време на Светското првенство кое беше нарушено од расизмот.
18. Војник од Суданската Народноослободителна Војска, стои за време на признавањето на независноста на Јужен Судан од Судан.
19. Грег Кук го гушка своето куче Коко, откако го пронајде во неговата уништена куќа од торнадото во Алабама.
20. „Изгрев на Земјата“. Фотографија на астронаутот Вилијам Андерс, снимена за време на мисијата „Аполо 8“ во 1968 година.