Гурмански сендвичи

Појадокот е најважниот оброк во денот. Ако уште не сте се одлучиле со што ќе го израдувате вашиот стомак денеска, ви нудиме еден интересен и малку покалоричен предлог.Не размислувајте и почастете се понеделнички со еден ваков гурмански сендвич.

Состојки: 4 шницли од свински врат, 8 кришки леб, 5 гранчиња рузмарин или две лажички сушен, 2 чешниња лук, маслиново масло, сол и бибер

Подготовка: Во подлабок сад ставете ги шницлите со лукот кој претходсно треба да го исечкате и една исечкана гранка рузмарин или половина лажичка од сушениот. Додадете маслиново масло и оставете го месото да се маринира еден час.

Пржете ги шницлите неколку минути во загреана грил-тава, потоа посолете ги, нанесете бибер и на секое парче ставете по една кришка леб и добро притиснете. Пржете ги така 1 минута, па потоа свртете го месото заедно со лебот така што тој да остане под шницлата, па потоа на секое парче месо поставете ги преостанатите кришки леб.

На секој сендвич ставете го преостанатиот рузмарин и по една минута свртете го сендвичот на другата страна за и другите кришки леб да ги впијат соковите од прженото месо. Пржете уште една минута и тргнете ги гурманските сендвичи од оган.

Пријатно!

- Реклама -