Освен тоа што овој напиток е одличен за постигнување и одржување на витка линија, тој е идеален освежителен пијалок, особено во летните денови.
Состојки:
1,5 до 2 чаши студена филтрирана вода
6 шолји исечкан спанаќ
5 шолји исечкана зелена салата
2 целери
1 излупено и исечкано јаболко
1 излупена и исечкана круша
1 банана
1 до 2 кафени лажички сок од лимон
Може да додадете и мраз, половина шолја кориандер и половина шолја магдонос
Подготовка:
Измијте го овошјето и излупете го тоа што има кора. Сипете вода во блендер и додадете ја салатата и спанаќот. Вклучете го блендерот на минимална брзина и матете додека состојките не се соединат. Постепено зголемувајте ја брзината и додадете ги останатите состојки. Бананата и лимонот додадете ги последни.
Добиената смеса е доволна за четири големи чаши.