Се снима продолжение на „The Muppets“

Филмската екипа што го реализираше „The Muppets“ со режисерот Џејмс Бобин на чело, почна со снимање на второто продолжение на филмот – „The Muppets…again“ што се очекува во 2014 година.

Во новата филмска авантура на Кермит и Мис Пиги, Волтер и останатата животинска екипа им се придружуваат актерите Тина Феј, Рики Џервејз и Тај Барел. Џервејз ќе го глуми Константин, негативец и клон на Кермит кој ќе ги вплетка Мапетите во криминални активности во текот на нивната светска турнеја. Тина Феј ќе глуми затворски чувар, додека Тај Барел ќе глуми агент на Интерпол, пишува „Guardian“.

xmiss-piggy-and-kermit-the-frog-in-the-muppets.jpg.pagespeed.ic.pH96S1R8s4

Режисерот Бобин рекол дека во филмот ќе им се оддаде почит на филмовите за Пинк Пантер во кои незаборавната улога на инспектор Клузо ја оствари актерот Питер Селерс.

„Тоа ќе биде филм во стилот на старомодните крими лудории од шеесеттите години, само што главните улоги ќе ги играат жаба, свиња, мечка и пантери, со карактеристична мешавина на скечеви и музика“, рекол Бобин.

Филмот ќе се снима во Лос Анџелес и во Лондон во студиото на „Pinewood“ во Лондон во кое се снимаат филмовите за Џејмс Бонд.

- Реклама -