Facebook од 2004 до 2012 (фото)

Како се развиваше Facebook низ годините? Ви ги претставуваме сите промени и новости што оваа социјална мрежа ги воведе од 2004 до 2012 година.

На 4 февруари,2004 година, Марк Цукерберг го креираше thefacebook.com.

fb fevruari

2005 thefacebook login

Facebook првично беше достапен само на неколку мрежи. На почетокот немаше „news feed“. Луѓето само пребаруваа по профили.

facebook profile 2005 with ads

thefacebook.com се смени во facebook.com по купувањето на domain-от во 2005 за 200,000 долари.

Средношколската верзија беше лансирана во 2005 година и беше отворена за вработените во компаниите како Apple Inc. и Microsoft.

Од 26 септември, 2006 година, Facebook стана достапен за сите (над возраст од 13 години).

facebook profile 2006

„News feed“ беа лансирани во септември 2006 година.

На 24 октомври, 2007 година, Microsoft купи 1,6 отсто акции во Facebook за 240 милијарди долари и ги доби правата за меѓународно рекламирање.

facebook profile 2007

 

Корисниците можат да додаваат апликации и да објавуваат статуси, линкови, фотографии на нивните профили.

facebook profile 2008

„Facebook Pages“ беа лансирани во 2009 година и тоа им овозможи на корисниците да станат фанови на страниците со кликање на копчето „Like”.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Facebook page 2009

 

Во 2009 се случија мали модификации на корисничките профили.

facebook profile 20091

Facebook профилите доживеаја големи промени во 2010 година со тоа што фотографиите од албумите станаа видливи на профилната страна како и заедничките пријатели со други корисници.

facebook profile 2010

Вредноста на Facebook достигна 41 милијарди долари со што стана трета најголема компанија во САД по Google и Amazon.

Во март,2011 година, Facebook дневно отстранува по 200,000 профили поради „spam“, непристојна содржина и слично за да докаже дека е сигурен.

Barack Obama facebook profile 2011

Од септември 2011 година, Facebook им дозволи на корисниците да може да ја следат секоја страница и профил.Копчето „View As”  на горниот десен агол им овозможи на корисниците да видат како другите корисници го гледаат нивниот профил.

facebook profile 2011 view as gadget

Прозорчето за „Chat“ беше подобрено.

chat

 

Новиот „Timeline“ профил беше претставен на конференцијата F8.

timeline

Во декември 2011 година, Facebook стана втора најпосетена веб страна во светот.

„Facebook app center“ беше лансиран во март, 2012 година, за Phone, Android и за други мобилни корисници.

facebook app center

Вредноста на компанијата достигна 104 милијарди долари во мај, 2012 година.

- Реклама -