„Вечно сегашно време“ – Владимир Јанковски

„Вечно сегашно време“ на Владимир Јанковски е љубовна приказна целосно распространета низ улиците и препознатливите места во Скопје.

Романот ја преиспитува идејата за љубовта како игра и онеобичување на секојдневието, потреба другиот да се изненади и зачуди. Ликовите постојано се доближуваат и се оддалечуваат еден од друг, непрестајно доведувајќи се врз несигурна почва. Текстот комбинира две раскажувачки постапки – класичната нарација и фрагментарни, сами по себе заокружени целини.

„Вечно сегашно време“ е и роман во кој се преиспитува идејата за тоа како просторот кој нé опкружува може да се искористи како почетна точка за надополнување и моделирање на интимните простори на нашата внатрешност. Затоа животните ситуации на двајцата главни ликови во романот се преплетуваат со приказните на просторот низ кој минуваат. Виктор и Ангела ја мапираат својата љубов преку градот, го користат како некој вид почетна точка за претворање на моментот со другиот во мало естетско надживување на баналноста и секојдневието.

Прочитајте и:  Внимание: Како се справувате со аерозагадувањето и што најмногу го загадува воздухот?
- Реклама -