Три секунди – Игор Крајчев

Со романот „Три секунди“, или „најљубовната македонска приказна“, Игор Крајчев се вброи во елитата на современата македонска книжевност.

Ова е дело кое ќе ве освои уште на своите први страници, а вие почнувате да го играте танцот низ времето и просторот, заедно со писателот кој многу интересно и мистично ја гради сижејната линија, поделувајќи ја притоа, не на повеќе главни линии, туку на повеќе временски сфери…

Ова е дело какво што не е сретнaто ниту во далеку поостварени литературни средини од македонската, што јасно говори дека младиот Игор Крајчев е далеку пред своите современици и чекори пред современите литературни текови. Она што импонира во целиот текст е мајсторството со кое Крајчев успева да ве измами да се посомневате што всушност се случува во текстот кој стои пред вас.

На промоцијата на книгата, Венко Андоновски оцени дека романот го поставува филозофското прашање за човековата лична слобода.

„Тоа се техники на кои можат да му позавидат далеку поискусни писатели во македонската книжевност. Токму затоа јас го рангирав меѓу најпријатните изненадувања во нашата повеќегодишна македонска прозна продукција“, рече Андоновски.

 

- Реклама -