Во Топанско Поле паднала тенда врз глава на дете

Вчера во текот на невремето и силните ветрови, било повредено 13-годишно дете откако врз главата му паднала тенда.

Несреќата се случила попладнето околу 17:30 часот, на игралиште во Топанско Поле.

Додека 13 -годишното дете играло со други деца на игралиштето додека траело невремето, од силниот ветер се откачила тенда од околните објекти и му паднала врз глава.

По несреќата родителот го однел детето во градска болница „Св. Наум Охридски“, каде што е задржано на лекување.

- Реклама -