Столтенберг тврди: Русија сака да го попречи влезот на Македонија во НАТО

Генералниот секретат на НАТО, Јенс Столтенберг, обвинува дека Русија се обидува да го попречи членството на Македонија во НАТО.

– Русија се обидува да го попречи приклучувањето на Македонија во НАТО, како што е случајот и со Црна Гора каде што видовме и неуспешен обид за преврат – изјави генералниот секретар на Алијансата во обраќањето во фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон.

Тој нагласува дека ова не е прв случај кога Русија се обидува да се меша во внатрешните процеси на НАТО и членките на Алијансата.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата
- Реклама -