Поранешниот пратеник Петар Атанасов денеска сведочеше во Кривичниот суд за насилствата од 27 април во Собранието.
Тој изјави дека најубедлив во заканите бил обвинетиот Крсто Мукоски кој велел: „Народот ќе ја земе работата во свои раце, народот ќе ве казни, ќе видите што ќе ви направат…“
Атанасов додаде дека толпата во Собранието влегла со знамиња и стапови, а од страна сето тоа изгледало како масовна хистерија.