Главниот вокал нa The Cranberries, Долорес О’Риордан се удавила во када. Во токсиколошките наоди од обдукцијата е наведено присуство на алкохол во нејзината крв.
Телото на пејачката беше пронајдено во хотелот Хилтон во Парк Лејн во Лондон пред неколку месеци. Нивото на алкохол во крвта на пејачката било околу 3,3 промили.
Исто така, непосредно пред смртта пејачката испушила цела кутија цигари, земала силни лекови, а сите шишенца од мини-барот во хотелот биле испразнети.
Според сите докази, се работи за несреќен случај.