На вчерашното рочиште за „крвавиот четврток“, покрај министерот Манчевски и пратеникот Богоевски, сведочеше и пратеничката Фросина Ташевска Ременски.
Ременски посведочи дека неколкупати била удрена по нозете и стомакот, а го запамтила лицето на повозрасен човек кој силно ја удрил, но кој не е меѓу обвинетите.
Некој од толпата ја прашал да не е бремена и таа свесно излажала, за да се спаси.