Манчевски платил 1000 денари на 27 април за да престанат да го удираат со чадор

Денеска министерот Дамјан Манчевски сведочеше за настаните од 27 април, кога и тој беше удиран од толпата која влезе во Собранието.

Манчевски, кој на 27 април беше во Собранието во својство на пратеник, посведочил дека луѓето фрлале и удирале со сè што ќе им дојде на рака – сталаци за камери и микрофорни, тастатури, столови, а него го удирале со чадор.

Во изјавата која ја даде пред Кривичниот суд, Манчевски потврди дека го удирале со чадор и дека понудил 300 денари за да го откупи. Напаѓачот не прифатил, но потоа Манчевски понудил 1000 денари, при што напаѓачот ги земал парите, а пратеникот, сега министер, чадорот со кој бил удиран.

Исто така, му се заканувале и со животите на неговите деца.

- Реклама -