Денеска во КПУ „Идризово“ беа презентирани новите реновирани простории во затворот, опремени според европски стандарди.
Овој проект бил започнат во 2014 година. Во новите ќелии се предвидува да бидат сместувани новоосудувани затвореници.
Во првата фаза изградени се два објекти од отворено и полуотворено одделение со севкупен капацитет од 546 затвореници на простор од 10 илјади метри квадратни вклучувајќи го и оворениот дел од двете згради.
Во секоја ќелија ќе може да се сместат по четворица осуденици. На располагање ќе имаат заеднички простории, фитнес сали, игралишта, а ќе се одржуваат и обуки и тренинзи за вработените лица во оваа и другите казнено-поправни установи во државата.
„Република Македонија долго време е критикувана во меѓународните и домашните извештаи за несоодветните услови во затворите и со тоа за нехуман третман на лицата кои се на идржување на најтешката казна во македонското законодавство-казна затвор“, рече Министерката за правда, Рената Дескоска.
Директорот на управата за санкции, Стојановиќ, истакна дека целта на обновувањето на затворот е престојот на затворениците да стане по ефикасен со уште поуспешна ресоцијализација, наведува Макфакс.