На ниво на Македонија, болниците должат вкупен износ од 51 милиони евра, на основ на доспеани финансиски обврски.
Долгот бил доста поголем и дел од него е подмирен, но проблемот останува бидејќи само што ќе се платат едни, пристигнуваат веќе тековните сметки за плаќање.
Анализа на податоците од ФЗОМ покажува дека до март најголем должник е Институтот за трансфузиона медицина – должи близу четири милиони евра. Втор најголем должник е Градската општа болница 8 септември со долг од вкупно 3,9 милиони евра, дознава Фактор.
Општата болница од Куманово има неплатени, а достасани обвски во вкупна вредност од 2,5 милиони евра, додека општата болница во Охрид должи 2,5 милиони евра.
Повеќе за долговите на јавните здравствени установи во Македонија прочитајте тука.