Во текот на изминатите денови (27 и 28.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 21 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 13 со материјална штета, се вели во дневниот билтен на МВР.
При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и осум со лесни телесни повреди. 87 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 39 возачи бидејќи седум го управувале возилото под дејство на алкохол, 22 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 биле возачи почетници.
14 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Исто така санкционирани се и 17 возачи кои поминале на црвено светло, двајца неправилно се престрoиле, двајца не дале првенство на минување на возила и двајца не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин и двајца кои поминале на црвено светло.
Во текот на изминатите денови издадени се 57 мандатни платни налози, додека исто така 64 возила се подигнати со „пајак“.