Денеска се одржа ново рочиште за случајот „Монструм“, за убиството кај Смилковското Езеро.
На рочиштето, кое беше отворено за јавноста и медиумите, сведочеше заштитениот сведок, преку екран, со замаглен лик и изменет глас.
Сведокот наречен Е1 денеска посведочи дека видел четири тела на убиени момчиња. На претходните рочишта тој успеа да препознае неколку од обвинетите. Денеска тој сведочеше пред одбраната на обвинетите.
Адвокатката на семејствата на жртвите, Дафинка Ивановска рече дека од денешното сведочење на загрозениот сведок произлегува многу јасно објаснување и кажување за настанот.
– Како сега, така и на досегашните претреси, неговиот одговор секогаш е јасен и прецизен и со сигурност може да се утврди дека ја зборува вистината – рече Ивановска.
Одбраната, пак, смета дека сведокот бил многу конфузен и дека лаже и наведе дека се сомнева дека се работи за монтирано сведоштво.
Во меѓувреме, во тек е процедура за екстрадиција на обвинетите АЛил Демири и Африм Исмаиловиќ.