Железничка несреќа во Босна и Херцеговина

Илустрација

Две лица загинале по судир на два товарни воза во Босна и Херцеговина.

Железничката несреќа се случила вчера, нешто по 23 часот. Едната локомотива поминала на црвено и се судрила директно со другата.

Загинатите се железнички работници од Сараево. Eден нивни колега успеал навреме да скокне од возот и поминал без повреди, додека другиот го извлекле пожарникарите, кои морале да ја сечат локомотивата.

- Реклама -