Денеска во Кривичниот суд има судење на обвинетите за „крвавиот четврток“, односно настаните во Собранието од 27 април.
Обвинетите одговараат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Група граѓани поддржувачи на ообвинетите протестираат пред судот. Со транспаренти за поддршка и зурли и тапани, тие ги чекаа обвинетите да пристигнат во судницата, за да им дадат јасна поддршка.
Присутните пејат македонски песни и визвикуваат „Европа мафија“ и „НАТО фашисти“.
Предметот, како што е најавено ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска, за кој веќе се закажани 37 термини за главна расправа.