Веќе една недела Индија се бори со поплави, кои досега однесоа најмалку 80 животи.
Прогнозите за следните неколку дена не се ништо подобри, бидејќи се најавени интензивни дождови, со ризик за лизгање на земјиштата.
Илјадници луѓе останаа заробени во поплавите, а надлежните ги повикаа рибарите да помогнат во акцијата за спасување.
Со започнувањето на сезоната на дождови од мај до денес, во одделни поплави загинале вкупно 200 лица. Ова е еден од најкризните периоди на елементарни непогоди во Индија во последниве 100 години.