Во Хрватска, 31 јули е прогласен за ден на жалост, по смртта на легендарниот пејач и кантавтор, Оливер Драгојевиќ.
Тој вчера ја изгуби битката со ракот на белите дробови, кој му беше откриен пред повеќе од една година. Хрватската јавност, но и публиката од целата поранешна Југославија, како и секаде каде неговата песна беше слушана, се простуваат од омилениот пејач.
Неговата смрт страшно ја погоди Хрватска. Низ улиците, граѓаните пејат негови песни, а премиерот Андреј Пленковиќ прогласи Ден на национална жалост, објавувајќи го тоа на својот профил на Твитер.