Претепаното 14-месечно бебе во стабилна здравствена состојба

Илустрација

14-месечното девојче кое беше примено на КАРИЛ со сериозни повреди е оперирано и се наоѓа во стабилна состојба.

Пред повеќе од две недели, мајката и бебето се појавија во ургентниот центар, со видливи физички повреди, особено кај малото, кое било и неухрането и дехидрирано.

Меѓутоа, уште не се знае какви последици ќе има бебето, со оглед на тоа што постои сомнеж дека може да го изгуби видот, да има проблеми со говорот и движењето.

- Реклама -