Од УЈП потврдуваат дека под мониторинг се даночните обврзници кои имаат регистрирана дејност во туристичките места, како и оние субјекти кои се наоѓаат на патните делници.
Екипи на УЈП се почесто ќе бидат излезени на терен и ќе ја следат даночната дисциплина на обврзниците.
– Апелираме даночните обврзници редовно да ги подмируваат даночните обврски и укажуваме на потребата од зголемување на даночната дисциплина особено за време на летната и туристичката сезона, со цел избегнување на даночни и прекршочни постапки со кои би се соочиле бизнисите, а со кои би се намалила нивната сезонска заработка и углед – се вели во соопштението од УЈП.