Обвинета жена за трговија со малолетно девојче

Три лица, меѓу кои и една жена која го нудела 14-годишното девојче за платени сексуални активности, се обвинети од страна на ОЈО за организиран криминал, за кривично дело трговија со дете.

– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до надлежен суд поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418 г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека две лица – корисници на сексуални услуги се обвинети за кривично дело „трговија со дете“ од член 418 г став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик – соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството утврдило дека обвинетата жена со помош на измама и закана ја искористила немоќта на 14-годишното девојче и ја експлоатирала така што ги нудела нејзините сексуални услуги за паричен надомест, се обидела да ја продаде и организирала присилен брак на детето.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -