Илон Маск влезе во конфликт со еден од спасувачите од пештерата во Тајланд

Еден од нуркачите кои беа вклучени во спасувањето на децата од пештерата во Тајланд го искритикува Маск дека ја искористил ситуацијата за себепромоција.

Нуркачот Верн Вонсорт, на Твитер, го искритикува планот за подморницата за спасување на Маск, препорачувајќи му „да си ја стави својата подморница таму каде што боли“.

На ова, Маск му врати на Вонсорт дека е британски бегалец кој не го видел досега, нарекувајќи го педофил. Подоцна ја избришал оваа објава од Твитер.

Минатата недела Маск лично ја достави мини-подморницата за евакуација на момчињата и тренерот од пештерата, но спасувачите на сакаа да ја употребат.

Спасувачката мисија заврши со среќен крај.

Прочитајте и:  Илон Маск: „Оптимус“ и „Сајбертрак“ на Марс до 2026 година
- Реклама -