Затвореници од Прилеп ги нападнале полицајците кои ги спроведувале до болница

Двајца затвореници од Прилеп биле однесени на преглед во прилепската болница, а по завршувањето на прегледите ги нападнале полицајците кои ги спровеле со службено возило. Настанот е евидентиран во Билтенот на МВР.

На 11.07.2018 година во 17,00 часот било пријавено дека истиот ден околу 16,00 часот во кругот на oпштата болница „Борка Талески“-Прилеп двајца полициски службеници со службено возило вршеле спровод на лицата Р.Т. и Р.С. (лица кои се наоѓаат на издржување казна-затвор во Казнено поправната установа-Затвор Прилеп). Откако Р.Т. и Р.С. завршиле со прегледите во болницата, во моментот кога Р.С. требало да влезе во службеното возило, извадил нож и почнал да замавнува кон полициските службеници и повредил двајца полициски службеници. Р.Т. и Р.С. се вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

- Реклама -