Група мигранти пронајдени во возило во близина на Стоби

25 мигранти, од кои еден малолетен, по потекло од Пакистан, се пронајдени денеска во товарно возило на патот Неготино-Градско, во непосредна близина на Стоби.

Како што соопшти МВР, утрово во пет часот полициски службеници се обиделе да го сопрат возилото „Рено Мастер” со скопски регистарски ознаки на стариот пат Неготино – Градско. Возачот застанал, но излегол од возилото и избегал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот, а мигрантите се предадени на полициската станица во Неготино за натамошна постапка.

- Реклама -