Со неговото избирање, Реџеп Таип Ердоган добива петгодишен мандат како претседател на Турција, со нови овластувања.
Според изборните резултати, Ердоган освоил 53% од вкупниот број гласови.
Изборниот процес наиде на осудени од страна на ОБСЕ, кој утврди дека додека гласачите имале вистински избор, условите за кампања не биле еднакви. Притоа, Ердоган уживал предност, вклучително и прекумерни реклами на државни и приватни медиуми, пишува „Глас на Америка“ на македонски јазик.
Ердоган за време на положувањето на заклетвата најави економски, политички и социјален прогрес на државата и напредок во областа на демократијата, човековите права и слободи, како и големи домашни и странски инвестиции.