Претепаното бебе во стабилна, но се уште критична состојба

14-месечното бебе кое беше примено на КАРИЛ со скршеници на нозете и крварење во мозокот е стабилно, но неговата состојба се уште е критична. При прегледот, биле забележани и стари нетретирани повреди.

Полицијата истражува што всушност се случувало, а во случајот се вклучил и тим од социјални работници кои ги преземаат потребните мерки за натамошна заштита на детето.

Неофицијално, жената и нејзиното бебе ги претепале неколку роднини на нејзиниот сопруг кој е во затвор.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -