Почина 21-годишниот Никола Саздовски, кој минатата недела беше претепан на автобуската постојка во Автокоманда, наведуваат повеќе медиуми, меѓу кои и дневните весници Нова Македонија и Слободен Печат.
Тој изминатите денови бил во кома, на КАРИЛ во клиничкиот центар, откако беше брутално нападнат на 29 јуни од страна на три лица Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.