Македонија се прости од Влатко, погребан на гробиштата во Ѓорче

Во присуство на многубројните членови од семејството, пријателите, естрадните колеги, но и обожавателите, денеска беше погребан пејачот Влатко Илиевски.

Причините за смртта ќе бидат познати во текот на наредната недела, кога ќе пристигнат резултатите од сите обдукциски наоди. Во меѓувреме, неколку медиуми напишаа дека ќе бидат прегледани безбедносните снимки од камерите на булеварот „Трета македонска бригада“, каде и беше пронајдено телото на пејачот во неговиот автомобил.

- Реклама -