Државјанка на Кина тешко повредена по пад со параглајдер во Крушево

Кинеска на возраст од 46 години денеска паднала со параглајдер и се здобила со тешки телесни повреди, особено на нозете.

Несреќниот настан се случил во Крушево, од каде повредената била пренесена во болницата во Прилеп.

Таа паднала во дворот на локалната амбуланта во Крушево, каде ја забележал минувач и пријавил во полицијата и во итната помош.

Е.Д.

- Реклама -