Иванов непоколеблив во ставот за Договорот со Грција

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, останува на својот став дека нема да го потпише Законот за ратификација на Договорот од Преспа, што е договор за решение на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција.

Преку соопштение од својот Кабинет, Иванов вели:

– Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија.

Е.Д.

- Реклама -