Вчера во населбата Илинден се случи тешка несреќа, 13-годишно девојче се удавило во канал со вода, кој претходно бил ископ за темели за изградба на нова зграда.
Телото на девојчето го извлекле мештаните, додека чекале да дојдат полицијата и службите на итната медицинска помош. Кога тие пристигнале, можело само да се констатира смрт. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Сепак, остануваат прашањата зошто градежната парцела останала необезбедена и покрај длабокиот ископ, кој изминатиот период се наполнил со вода поради интензивните врнежи.
Надлежниот јавен обвинител наредил обдукција на телото, како и истрага за утврдување кривична одговорност.