Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, околу 11 часот ја потресе Албанија, но се почувствува и во западните делови од Македонија.

Според извештаите од сеизмолошките опсерватории, потресот настанал на 30 километри северно од Тирана. Сведоштва за овој земјотрес се забележани и од Македонија, Црна Гора и Косово.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
- Реклама -