Апелациониот суд во Скопје денеска преиначи условни во ефективни затворски казни за деветмина обвинети и осудени од страна на Основен суд Скопје 1 за учество во толпа на 27 април 2017 година, настан познат и како „крвав четврток“.
„Условните казни на седум од деветтемина првично осудени се преиначени од Апелациониот суд Скопје во затворски казни во траење од една година, освен за Димче Ристовски, викан Жабата, кој доби 18 месеци затвор. Еден од условно осудените од оваа прва група обвинети за 27 април, осуден е на осум месеци затвор“, се вели во соопштението на Апелациониот суд.
Е.Д.