Изминатиот викенд во Скопје се случиле 24 сообраќајки

За викендот на подрачјето на СВР Скопје, се случиле 24 сообраќајни несреќи, од кои 10 со телесни повреди и 14 со причинета материјална штета. На територија на Македонија бројот на сообраќајки е поголем.

Според извештаите на МВР, во Слупчане е прегазено осумгодишно дете со автомобил, кое притоа се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Ургентниот центар на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје.

При полициските интервенции, 301 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 59 возачи бидејќи пет го управувале возилото под дејство на алкохол, 42 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 12 биле возачи почетници. 40 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Исто така, санкционирани се шест возачи кои поминале на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и 18 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се 10 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шест кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 146 мандатни платни налози, додека исто така 103 возила се подигнати со „пајак”, се вели во дневниот извештај на Министерството за внатрешни работи.

Прочитајте и:  Во Карпош одбележана 80 години од ослободувањето на Скопје

Е.Д.

- Реклама -