Проширување на истрагите „Странски служби“ и „Друмарина“

Специјалната обвинителка Катица Јанева потврди дека некои од новите истраги ќе бидат проширени и бројот на осомничени може да се зголеми.

Јанева вели дека лично била изненадена од некои изјави во медиумите кои доаѓаат од осомничени личности во предметите на СЈО, но и дека истите тие изјави може да се користат во натамошните истражни постапки.

Таа најавува можно проширување на предметот „Странски служби“, а дека во врска со предметот „Друмарина“ постојат наводи дека и други пратеници претерувале во приложувањето на патните трошоци, а не само Бонева.

Исто така, предметот „Талир“ е сè поблиску до разрешница, иако СЈО го повлече барањето за замрзнување на имотот на СЈО.

- Реклама -